Стартува втората фаза од ЕП за ракометарки во Србија

Од:

Со натпреварите во групата 2 од главната фаза што се играат денеска во Нови Сад стартува новиот круг во кој репрезентациите ќе се борат за пласман во полуфиналето.

По вчерашниот пораз од Данска, Македонија со три порази го заврши Европското првенство.

Денеска се играат натпреварите: Шпанија – Романија (почеток 16:15 часот); Унгарија – Црна Гора (18:15) и Германија – Русија (20:15).

Во Групата 2 Унгарија и Црна Гора имаат по 4 бодови кои ги пренесуваат од претходната фаза, Шпанија има 2, Русија и Романија по 1, а Германија е без бод.

Вчера се комплетираа и дуелите во А и во Б групите:

На првиот натпревар од Б групата во Ниш, Франција ја победи Шведска со 24:17, а Данска ја победи Македонија со 37:30.

Во А групата на дуелите во Белград: Норвешка – Украина 18:17 и Србија – Чешка 28:24.

Табела: Норвешка 6 бодови, Србија 4, Чешка 2, Украина 0.

Во следната фаза во групата 1 Норвешка ќе стартува со 4 бодови, пред Србија, Франција, Шведска и Данска кои имаат по 2, додека Чешка е без бод.

Натпреварите од групата 1 ќе продолжат в понеделник.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ