Во Австралија уапсен маж поради изработка на оружје за ИД

Од:

Австралиската полиција уапси денеска маж (42), осомничен дека и давал совети и и помагал на Исламска држава да изработи оружје.

Инженерот е уапсен за време на рација на неговата куќа во руралниот дел на Нов Јужен Велс, по истрагата, која траела 18 месеци, изјави полицискиот комесар Ендру Колвин.

Уапсениот маж, Хаисем Захаб, роден во Австралија, е обвинет дека вршел истражување и дизајнирал уреди за ласерско предупредување, кои најавуваат доаѓање на ракети со наведување, кои ги користат коалициските сили во Ирак и Сирија.

Според Колвин мажот е обвинет и за истражување, дизајнирање и моделирање систем, кој и помага на ИД да развива свои ракети со долг дострел.

Тој истакна дека уапсениот не планирал напади во Австралија, а се верува дека работел сам. Доколку биде осуден за пружање поддршка на екстремистите му се заканува максимален, доживотен затвор.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник