Вчера околу 20:00 часот во Штип на улица „Гоце Делчев“ од страна на две униформирани лица била извршена контрола над патничко моторно возило „Шкода Јети“ управувано од Ѓ.П.(57) од Радовиш.
Во моментот кога започнале да го изготвуваат записникот за сторен сообраќаен прекршок, Ѓ.П. се обидел да им попречи и почнал да ги навредува со вулгарни зборови, а додека неговата сопруга Ј.П.(55) со рацете и нозете почнала да удира по службеното возило, а потоа со рака ја удрила отворената врата и го удрила полицаецот, нанесувајќи му телесна повреда во пределот на левата потколеница.
Откако пристигнала групата за интервенција, при обид Ѓ.П. да биде приведен и сместен во полициското возило, неговата сопруга Ј.П. го нападнала другото униформирано лице, удирајќи го со ташна во пределот на главата, нанесувајќи му телесна повреда во пределот на вратот. По целосно документирање на случајот, против истите ќе биде поднесена соодветна пријава.