Германската Влада денеска соопшти дека нема официјална потврда за веродотојноста на видеото на кое се гледа обезглавеното тело на германскиот државјанин Јирген Кантнер, кој неколку месеци беше во заложништво на исламската група Абу Сајаф на Филипините.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, во видеото, што е објавено ноќеска, се тврди дека Кантнер бил „убиен со нож“, затоа што германската Влада не го платила бараниот откуп,
– Доколку веродостојноста на видеото се потврди, се разбира, дека ова е една од најстрашните работи што можат да се замислат, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел, кој рече дека очекува официјална потврда од експертите за автентичноста на видеото.
Предходно во неколку наврати, претставници на Абу Сајаф бараа околу 500 илјади евра за ослбодување на 70-годишноиот Кантнер. Во предходното видео се појави и Кантнер, кој лично бараше да биде платен откуп за негово ослободување.
Германецот беше во заложништво од ноември минатата година, откако јахтата во која пловел била нападната на југот на Филипините. При нападот што загина неговата придружничка Сабине Мерц.
Двајцата во 2008 година 52 дена беа држени во заложништво во Сомалија, од каде што беа ослободени со откуп.