СДСМ: Граѓанска Македонија оди цврсто напред, ниедна лажна вест на Груевски не може тоа да го спречи

Од:

„Граѓанска Република Македонија чекори кон напредна, стабилна и сигурна иднина за сите. Демократските процеси во Македонија се почнати и се незапирливи. Тие носат нова реформска Влада, каква што избраа мнозинството граѓани, којашто ќе води реални политики и ќе работи во интерес на нивните реални потреби.

Граѓаните на Македонија ќе имаат квалитетен живот. Ќе живеат во праведно и правично општество, каде што ничии тевтерчиња и телефони нема да одлучуваат за нивните животи. Ќе живеат во едно општество, обединети, без поделби, раздор, омраза и нетрпелливост што беше начин на работење на досегашната криминална власт на Никола Груевски.

Македонија нема да биде изолирана земја којашто несовесни политичари ја караат со светот, туку држава за почит во меѓународната заедница со вистински евро-атлантски перспективи.

Овие промени што ги избраа граѓаните се приоритет на новата Влада на Р.Македонија.

Сите кои се исплашени од промените што одземат лични привилегии на поединци и носат одговорност за злоделата врз граѓаните, не сакаат граѓаните да живеат во ваква Македонија. Оттаму се сите лажни вести и измислици во медиумите на криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Разговорите за обезбедувањето на парламентарното мнозинсттво се поставени исклучиво на Уставот на Р.Македонија.
Лага се пишувањата на потралите Реублика, Курир и медиумите што ги пренесуваат, за некакви менувања на државното знаме и химна, за некакви осуди на народи за геноциди, за јазични решенија спротивни на Уставот и слични измислици. Сите тие лаги се само тенденциозен обид за подгревање национална нетрпеливост помеѓу Македонците и Албанците, Албанците и Србите, Турците и Албанците, Македонците и Србите…

Огромното мнизинство граѓани, над 612.000, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми Бошњаци, други, застанаа еден до друг заедно во цврстата определба за живот, правда, промени и заедништво во Македонија.

Затоа, граѓаните се факторот на стабилност во Македонија. Криминалната власт е дефакторизирана.

Граѓанска Република Македонија оди напред. Тоа никој и ништо не може да го спречи“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците