Сојузот на извидници на Македонија со повеќе активности и работилници денеска ќе го одбележи светскиот Ден на извидници – 22 февруари.
Настанот ќе започне на плоштадот Македонија во 10 часот, каде по краткото свечено отварање ќе се продолжи сo искачување кон Средно Водно каде ќе бидат организирани централните извиднички активности и работилници.
За време на настанот, како што информираат организаторите, предвидена е и посета на врвот на Водно каде ќе се продолжи со програмата.
Сојузот на извидници на Македонија ги поканува сите извидници, пријатели на извидниците и граѓани кои сакаат да научат повеќе за извидниците и извидничките активности да присуствуваат на заедничко дружење.