Традиционална извидничка акција „Пролетни бакнежи, прегратки 2019“

Првиот скопски извиднички одред и Институтот за комуникациски студии, во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ денеска во Градскиот парк ја организираат традиционалната извидничка акција „Пролетни бакнежи, прегратки 2019“ на тема „Еко херои“.

На акцијата, тимови од извидници од 7 до 13 години преку игра, забава и натпревар ќе испратат порака за потребата од селектирање и рециклирање на отпадот, со цел да се подигне еколошката свест.

Кон еколошката акција ќе се приклучат и ученици од основните училишта од Општина Центар.

Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Ова не е место за фрлање пикавци и ѓубре од вашите автомобили“, акција на Единицата за брзи артивистички акции

Ана Ололовска

Земјена уметност: Стоп за малите хидроцентрални

Ана Ололовска

Конференција „Како да го зазелениме урбанизмот“

Ана Ололовска

Комунална ги исчисти верските храмови во Скопје

Ана Ололовска

„Зелена архитектура за зелени училишта“, проект за почиста животна средина

Ана Ололовска

Состанок на Интересорската работна група за животна средина

Ана Ололовска