Пронајдени 42 килограми дрога во возило во Струга

Од:

Околу 42 килограми зелена тревкаста материја се пронајдени синоќа во патнички автомобил при координирана акција на криминалистичката полиција од Струга и Охрид.

Акцијата, како што денеска соопшти МВР, беше реализирана околу 22 часот во близина на еден хотел на улицата „Димче Ковачески“ во Струга.

Полициски инспектори заедно со полициски службеници од Струга запреле патничко возило „мини купер“ управувано од Ф.И.(31) од струшкото село Калишта. При прегледот на возилото најдени се пет вреќи со тревкаста материја завиткана во повеќе јутени и платнени опаковки, а во предната лева врата од автомобилот, пронајдена е и една мала најлонска паковка со бела прашкаста материја.

Извршен е и претрес во домот на Ф.И. во селото Калишта, каде се пронајдени две црни најлонски кеси со траги од тревкаста материја.

Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

„Политико“: Белгија се претвори во нарко-држава

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

(ВИДЕО) Трамп: Ќе ги убиеме сите што внесуваат дрога во САД

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

Голтна кеса со дрога додека бегаше од полицијата

А1он