Ферари и Мекларен ги претставија нивните болиди со кои што ќе се спротивстават на Мерцедес

Од:

Тимовите на Ферари и Мекларен денеска ги претставија своите болиди со кои што се надеваат дека ќе се спротивстават на доминатниот Мерцес во новата сезона од Формула 1.

На патеката Фиорано во Италија, Ферари го претстави новиот SF70H со кој што Себастијан Фетел и Кими Раиконен ќе бркаат подобар резултат од минатогодишните четврто и шесто место.

Ферари минатата сезона завршја четврти во поредокот по конструктори, а оваа година се надеваат на подобрување на тој резултат. Новиот мотор сметаат дека е чекор напред во споредба со претходникот кога се споредуваат перформансите.


Денеска својот болид го презентираше и тимот на Мекларен, кој оваа сезона се враќа на нивната портокалова боја, што последен пат ја користеа во 2006. за време на тестирањата, а во трка не е користена од далечната 1971. година.

Новиот болид MCL32 има Хонда мотор и се надеваат дека ќе го подобрат разочарувачкиот резултат од минатата сезона, кога завршија шести на поредокот за конструктори.

Оваа сезона за тимот на Мекларен ќе вози двојниот светски шампион Фернандо Алонсо и белгиецот Штофел Вандорн.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес