Реката Брегалница порибена со крап

Од:

Здружението на спортски риболовци (ЗСР) „Брегалница“-Штип денеска изврши порибување на реката Брегалница со сто килограми крап.

Секретарот на ЗСР „Брегалница“, Благој Димитров рече дека риболовците денеска порибувањето го извршија на локацијата Калимерово, под мостот на реката Брегалница во близина на бањата „Кежовица“.

– Денеска е извршено порибување на Брегалница, согласно риболовната основа, концесија и договор за порибување. Риболовниот материјал е од „Акватика“-Неготино и имаме околу сто килограми крап со тежина од 100 грама по парче, рече Димитров.

Тој апелира во наредните десет дена риболовците да се воздржат од рибарење по течението на реката Брегалница. Според Димитров намалениот водостој во овој период не се одразува врз рибниот фонд, а засега единствен проблем им е загадувањето на реката.

Рибочуварската служба на ЗСР „Брегалница“-Штип е постојано на терен, со што, вели тој, рибокрадството е намалено.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена