Дваесет и четиригодишен жител на кочанското село Зрновци е пронајден во бесознание со убодна рана од нож во пределот на стомакот во купатилото на сопствената куќа.
Повредениот е пренесен во Општата болница во Кочани, но поради сериозноста на повредите е префлен во Клиничкиот центар во Скопје.
Случајот е пријавен во СВР Штип вчера во 14:45 часот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.