ВИДЕО: Кучето што знае математика

Од:

Еден Кинез од провинцијата Џиангцу тврди дека го научил своето куче да брои, да рачуна и да памти броеви.

Лу Жесенг покажа на државната телевизија како му поставува прашања на своето куче од расата самојед, со име Компир, кое одговара со лаење.

Двегодишното куче „знае“ колку има цифри во бројот 10 милиони, бидејќи кога ќе го праша газдата, кучето одговара со лаење осум пати.

На прашањето колку има нули зад единицата во бројот 10 милиони, Компир лае седум пати.

Кучето покажа дека умее и да собира реални броеви.

„Колку е 3,44 плус 3,56?-прашува Жешенг, а кучето лае седум пати.

На секој точен одговор кучето добива дел од неговото омилено јадење.
Ова талентирано куче ги препознава и броевите кои неговиот сопственик му ги покажува на картичка, а според неговите зборови знае и да чита, да дели и да множи броеви.

Компир одлично ги памети броевите, а според зборовите на неговиот сопственик соседите се импресионирани со неговата способност да ги запамети нивните години и броевите на мобилните телефони.

На прашањето на Жешенг кои се првите два броја кои се на наоѓаат на првиот кинески носач на авиони, кучето дава точен број-еден и шест, лаејќи еднаш за првиот број и шест пати за другиот број.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска