Една жена загина откако бурата Дорис ги погоди Велика Британија и Ирска.
Жената почина од тешки повреди на главата, откако била погодена од предмети што ги носел ветерот. Инцидентот се случи Вулверхемптон, централна Англија..
Бурата Дорис го погоди и Велс, каде брзината на ветерот изнесуваше над 150 километри на час, а поради снегот во Шкотска денеска беа затворени училиштата. Во Ирска илјадници домови останаа без електрична енергија.
Бурата го отежна и железничкиот и копнениот сообраќај.