Ѓорѓиев: МЖ да продолжи со работа, оставка од директорот се уште не е доставена

Од:

Портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев денеска апелираше Македонски железници, каде вработените протестираат веќе шест дена со прекин на сообраќајот, да продолжи со работа за да не се најде во ситуација да им исплаќа пенали на коминтентите и дополнително да си ја влоши финансиската ситуација. До Владата, според Ѓорѓиев, се уште не е доставена оставка од директорот на МЖ Транспорт Никола Костов.

– Според информациите кои ги имам до овој момент до Владата на Република Македонија не е доставена оставка од Никола Костов. Во оној момент кога ние како Влада ќе ја добиеме оставката ќе ја разгледаме и ќе се произнесеме. Во случај да ја прифатиме ќе препорачаме на претпријатието да се избере нов директор, бидејќи тоа е во делокругот на неговите надлежности, рече Ѓорѓиев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Имаме чувство, посочи Ѓорѓиев, дека има обид за прикриена политизација и мешање на политички сили во рамките на актуелната состојба. Имаме информации дека мал број вработени ја попречуваат работата на 3.000 лица кои се вработени во железницата и тоа треба да прекине. Треба луѓето да работат за да можат да ја добијат дополнителната поддршка и за да можат да си ги извршуваат нивните обврски кон коминтентите, да остваруваат дополнителни приходи и да не предизвикаат штета во нивното работење поради евентуално неисполнување на договорните обврски, наведе Ѓорѓиев.

Тој потенцира дека Владата во изминатиот период беше концентрирана на поддршка на МЖ со цел подобрување на неговите перформанси.

– Во изминатиот период е подобрена ликвидноста, солвентност и бонитетот на претпријатието и негативните аспекти кои ги имаше во работењето се подобруваат, но треба да продолжат да се подобруваат. На вчерашната седница донесовме став со кој се определува дополнителни 70 милиони денари да можат да бидат префрлени преку Министерството за транспорт и врски за потребите на МЖ, но со еден круцијален услов, а тоа е претпријатието да продолжи да работи, рече Ѓорѓиев.

Нагласи дека преку работата МЖ ќе може да ги исполни законските можности за да бидат префрлени дополнителните средства и за да ги реализира договорените обврски што ги има со своите коминтенти.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

A1on

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

A1on

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

A1on

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски