Клиниката за детска хирургија со поголем буџет и повеќе здравствени услуги

Од:

Фондот за здравствено осигурување на Македонија за годинава определи буџет од околу 133 милиони денари наменет за Универзитетската Клиника за детска хирургија, кој е поголем за околу 9 милиони денари од буџетот за изминатата година. Овој буџет е двојно зголемен ако се спореди со 2012 година кога изнесувал 65 милиони денари, со што се потврдува фактот за систематско и континуирано вложување во јавното здравство во Република Македонија.

Ова денеска го изјави директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски кој заедно со директорот на таа институција, Орхан Рамадани ја посетија Универзитетската Клиника за детска хирургија, каде се сретнаа со директорот на таа јавна здравствена установа, Ристе Симеонов.

– Систематско и континуирано вложување во јавното здравство преку едукација на медицинскиот кадар, преку вложување во нова софистицирана медицинска опрема, воведување нови методи во јавните здравствени установи влијае на унапредувањето на медицинската пракса во државата, рече Стефаноски.

За Клиниката за детска хурургија тој го потенцираше фактот кој е светски параметар за мерење на сложеноста на интервенциите кои се прават во одредена здравствена установа и се вика case mix index, кој, како што рече, е двојно зголемен во последните неколку години.

– Ако во 2012 година изнесувал 1,65, во 2016 година степенот на сложеност на извршените интервенции на Клиниката изнесувал 2,67 согласно светскиот параметар за мерење сложеност на институциите, што е огромен чекор напред во спроведување на реалната медицина за нашите граѓани. Тоа се потврдува и со фактот што од 2013 година на Клиниката се вршат кардиохуруршки интервенции на деца. Минатата година се извршени 52 интервенции, а годинава веројатно таа бројка ќе достигне преку 60, нагласи Стефаноски.

Потенцира дека на Клиниката се вршат трансплантации на бубрези кај деца и тие тоа го поддржуваат со условен буџет. Минатата година на оваа Клиника, појасни, се истретирани 1.870 пациенти на кои им била извршена интервенција и биле хоспитализирани.

– Тука не се исцрпени можностите за дополнително унапредување на работата, за што во наредниот период ќе се извршат дополнителни напори. Поканувањето странски доктори да работат на оваа Клиника, испраќањето наши лекари на едукација и доедукација во странство, испраќањето лекари на специјализација во странство, купувањето нова медицинска опрема, воведување светски протоколи во третирање на пациентите и нови методи на Клиниката доведува до тоа таа значително да го подобри степенот на сложеност на интервенции, додаде Стефаноски.

Директорот на Клиниката, Симеонов рече дека бројот на операции во таа јавна здравствена установа од година во година е се поголем.

– Минатата година бројот на операции изнесуваше 1.870 од кои 52 се кардиохирургија. На Клиниката функционира оддел за интензивна нега. Пред десеттина дена е направена трансплантација на бубрег, детето е веќе дома и е во добра состојба. Планираниот број трансплантации за оваа година е три со условен буџет. Се надевам дека бројот на трансплантации ќе биде поголем од три, истакна Симеонов.

Според него, добрата соработка со Фондот е пред се бенефит за пациентите за давање подобри здравствени услуги на Клиниката.

Одговарајќи на новинарско прашање Симеонов посочи дека најсложените операции се кардиохуруршките, потоа трансплантација на бубрег, но и детската хирургија посебно во неонаталната детска хирургија има многу сложени операции.

– Тоа се вродени аномалии чија сериозност е на ниво како кардиохирургија и трансплантација на бубрег. Хирурзите сами оперираат на Клиниката, а за кардиохирургија во соработка со доктори од странство. Минатата година пет доктори беа на едукација. Во континуитет се оди на едукација и се набавува нова опрема, додаде Симеонов.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада