Радош: Бесмислени се идеите за поделби и распад на држави на Балканот

Од:

Либералот во Европскиот парламент од Хрватска, Јозо Радош, денеска ги коментираше се попроблематичните состојби во Босна и Херцеговина и Македонија, кои доведоа до тоа некои американско-британски политичари да започнат отворено да говорат за прецртување на границите на Балканот.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Радош смета дека и покрај проблематичната ситуација на Балканот, дека таквите идеи не поминуваат во меѓународната заедница и дека истите се бесмислени.

Јозо Радош е искусен пратеник во Европскиот парламент кој е член и на највлијателниот Комитет за надворешни работи. Тој е вклучен во сите дебати за надворешната политика на Европарламентот, а посебно за случувањата на Балканот и добро ја познава состојбата во реонот. Токму затоа, хрватскиот европратеник е шокиран од идеите за прекројување на граници и распарчување на некои од балканските држави, како производ на лошата состојба во поголемиот дел од земјтие на балканскито регион.

– Ниту за време на војните на просторот на поранешна Југославија не дојде до промена на границите на тогашните единици на Југославија. Дојде до промена на статусот на некои од нив, дојде до нови внатрешни поделби внатре во Босна и Херцеговина, но до промена на границите, сепак, не дојде. Тоа говори колку е сето тоа комплицирана работа. Аналитичарите можат да зборуваат што сакаат, смислено или бесмислено и нешто да предлагаат. Политичарите исто така може да даваат некакви изјави во таа смисла, кокетирајќи со своето гласачко тело, настојувајќи да ја зголемат својата популарност. Но, промена на границите на тој простор е процес што засега нема поддршка, ниту во меѓународната заедница, а тешко е дека било-која од тие промени на границите, како што е евентуално поделба на Косово, издвојување на Република Српска или промена на границите внатре во Македонија – вели европратеникот Радош

Според либерал-демокатот од Хрватска, сите поделби на територии и прецртување на граници не би можело да се направат без конфликти, вклучително и воени судири. Радош е дециден дека и покрај проблемите кај речиси сите од балканските држави, идеите за поделби се дело на според него – неодговорни политичари.

– Затоа, во моментов за тоа нема основа. Но, повторувам, аналитичарите може да пишуваат што сакаат, а недоговорни политичари, исто така би можеле со тоа да кокетираат за во недостаток на други идеи да ја зголема својата популарност – дециден е Јозо Радош.

Исто како и европратеникот Радош, и Европската комисија минатата недела ги осуди ваквите идеи кои потекнаа од некои британски аналитичари, но најмногу од американскиот конгресмен Дејна Рорбахер, а кој во меѓувреме се извини за истите и порача дека Македонија не треба да се дели.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ