Почнаа карневалските денови во Струмица

Од:

Струмица го започна осумдневното карневалско славје со синоќешниот детски маскембал на кој учествуваа околу 250 маски, а Јован Багашовски и Тања Андонова беа избрани за принц и принцеза.

Тие ќе ја предводат детската главна карневалска поворка в недела низ струмичкото корзо до плоштадот „Гоце Делчев“.

– Многу сме задоволни од масовноста на маскембалот, но и од креативноста на маските. Децата и нивните родители покажаа дека Струмица навистина живее со и за карневалот. Трета година ја одржуваме оваа манифестација која треба да премине во традиционална, зошто оттука децата ги учат правилата на карневалот, односно одржувањето на засебните настани маскембал и карневал, објасни Мери Јанчева, организатор на детскиот маскембал.

Денеска ќе се одржи традиционалниот Концерт под маски на ОМУ „Боро Џони“, а претходно ќе бидат објавени резултатите од конкурсот за најдобри остварувања на тема карневал во струмичката библиотека и ќе биде отворена изложбата на фотографии од ланскиот карневал.

Утре претпладне ќе биде карневалското дружење со гостите од странство, а вечерта во хотелот Сириус ќе се одржи традиционалниот маскембал, на кој ќе бидат одбрани принцот и принцезата кои ќе ја предводат главната карневалска поворка в сабота на 25 февруари.

В недела на 26 февруари ќе се одржи традиционалниот детски карневал.

В понеделник е „Чист понеделник“ кога на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ ќе биде послужен бел грав. Претпалендето ќе бидат објавени најдобрите маски, а вечерта ќе биде отворена изложбата на карикатури и афоризми, учесници на 18. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам.

На 28 февруари ќе бидат доделени наградите од Интернационалната карневалски вечер и тримерската карневалска забава.

Карневалските прослави завршуваат в среда на 1. март со одбележување на Тримерските обичаи и со концерт на Ансамблот Тримери.

Би можело да ве интересира

Поради лоши услови, АХВ времено го затвори струмичкиот стационар за кучиња „Лана“

Струмичанец е осомничен за убиство, со нож избодел познаник

47-годишен струмичанец осомничен за убиство откако со нож ранил познаник

Земјотрес почувствуван во Струмица и околината

Струмица се прости од младиот музичар Ѓоргиев

Горан Наумовски

Во Струмица, Гевгелија и Валандово собири во спомен на загинатите во пожарот во Кочани

Горан Наумовски