Македонскиот ракометен шампион Металург постигна нова победа во СЕХА лигата, откако на тешкото гостување во Нашице (Хрватска) против Нексе славеше со 28:27 (13:15) и се проби на втората позиција на табелата.
Во текот на целиот натпревар двете екипи се менуваа во водство, а во последната минута Металург од негатива, направи пресврт со головите на Наумче Мојсовски и на Филип Миркуловски и стигна до победата.
Најефикасен на натпреварот беше Наумче Мојсоски со 9 голови, додека Дарко Станиќ имаше 18 одбрани.
Шампионот на СЕХА лигата Вардар Про во овие моменти го игра натпреварот во Добој против тимот на Слога.