Шести ден не сообраќаат возовите поради протест на вработените

Од:

Шести ден патничките и товарните возови во Македонија не сообраќаат поради протестот на вработените кои бараат исплата на јануарската плата.

Вработените денеска изјавија дека остануваат на ставот за целосна исплата на јануарската плата, а засега, како што соопштија, немаат најави за средба со раководството на „Македонски железници“.

Од Министерството за транспорт и врски вчера инфомираа дека на последната владина седница е донесена одлука за зголемување на средствата во висина од околу 70 милиони денари на годишно ниво директна помош за оперативното работење на Железницата.

– Во насока на надминување на целокупната состојба, Владата на Република Македонија во рамки на важечките закони ќе ги исплати овие дополнителни 70 милиони денари се со цел да се разреши состојбата со блокадата од страна на вработените. Имено, според законските прописи во Република Македонија, овие дополнителни средства ќе може да се исплатат ако вработените за извршената работа приложат соодветна документација за направените трошоци за да може исплатените средства да се оправдаат во буџетот на Република Македонија, се вели во соопштението од Министерство за транспорт и врски.

Министерството апелира до менаџерскиот тим и синдикалните организации да изнајдат решение во најбрз можен рок за да се овозможи нормално фукционирање на претпријатието.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

A1on

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

A1on

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

A1on

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски