И Теута Арифи во САД по стапките на Груевски

Од:

Во клучните моменти за Македонија и одлуката која се очекува од  Брисел,  вицепремиерката за  евро интеграции замина во САД во „недефинирана“ мисија.

Истотот тоа го направи и премиерот Никола  Груевски, кој не отиде  во Брисел  да лобира за Македонија ,  но и не беше во земјата кога двајца премиери на соседни држави, Бериша и  Тачи ни ја кроеја судбината среде Скопје.

А1он дознава дека екипи од Министерствата за надворешни работи на Грција и Бугарија се во Брисел поради состанокот на амбасадорите , а во истото време нашата  вицепремиерка е далеку од Брисел и ЕУ.

Вестите од Брисел се контрадикторни,, но веќе се шпекулира дека Грција и Франција ќе го искористат  правото на вето и Македонија нема да добие датум за отпочнување на преговори со ЕУ.

Препораката на состанокот на амбасадорите ќе биде со старото клише и препорака„Решете ги проблемите со соседите“.

Би можело да ве интересира

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Хегсет: Европа треба да преземе водечка улога во одбраната на сопствениот континент

Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Горан Наумовски

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина