Општина Центар ќе ја урива дивоградбата на улиците „Самоилова“ и „Никола Карев“

Од:

Градоначалникот на општина Центар го потпиша барањето до МВР за давање помош при извршување на управни акти. Станува збор за решение за отстранување на дива градба на аголот на улиците “Самоилова“ и булеварот “Никола Карев“.

Претходно е завршено барањето за јавна набавка и договорот со фирма која ќе ја урива дивоградбата. За отстранување на дивата градба сега се чека одлуката и одобрението на МВР за асистенција, кои имаат 5 работни дена за изјаснување.

Овластен градежен инспектор на општина Центар во месец декември го затвори градилиштето за да се стопира градењето на диво. Кога објектот беше во фаза на ископ, инспекторот донесе решение за враќање во првобитна состојба, а решението никој не го примил и непознатиот инвеститор продолжил со градбата без неопходната техничка документација.

Овластен градежен инспектор на општина Центар беше на терен, заедно со градежен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, при што и двајцата инспектори констатираа дека се работи за дивоградба, соопштуваат до Општина Центар.

Неколкупати на објектот беше оставана покана за инвеститорот да дојде во општина Центар, но на ова никој не се одзва. Инвеститорот, кој по решението за затворање на градилиштето и по затворањето на истото со лента, иако требаше да престане со градежните активности и да пристапи кон отстранување на дивата градба, продолжи со работа.

Затоа, градоначалникот ги потпиша документите за да може да се започне со уривање на дивоградбата.

Општина Центар и натаму внимателно ја следи состојбата на терен и нема да дозволи дивоградби на територија на општината.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски