Сириските демократски сили (СДС), кои се поддржани од САД, денеска првпат влегоа во провинцијата Деир аз Зур, во рамки на офанзивата против Исламска држава, соопшти курдски воен извор, цитиран од британските медиуми.
Пробивот е дел од операцијата, поддржана од САД, за опколување и преземање на северниот град Рака, што се смета за бастион на ИД во Сирија.
СДС, која се состои од курдски и арапски борци, влезе во северниот дел на Деир аз Зур и од џихадистите презеде неколку села, посочи курдскиот воен извор.