Ли Кечијанг против „трговска војна“ со САД

Од:

Кинескиот премиер Ли Кечијанг изрази надеж дека несогласувањата со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп можат да бидат решени со меѓусебен договор и предупреди дека никој нема да има корист од трговска војна.

И покрај ветувањата на Трамп дека ќе наложи увозни давачки на кинеската стока, Ли наведе дека Пекинг има „стабилна и оптимистичка позиција“ за трговијата со САД.

Кинескиот премиер направи необичен чекор да се обрати до медиумите, без претходна подготовка, заедно со неговиот француски колега Бернар Казнев.

– Нека зборуваат бројките, нагласи Ли, посочувајќи ги работните места во САД, поврзани со американско-кинеската трговија.

– Веруваме дека со меѓусебно почитување и преку модел на соработка заснован на еднаквост, трговските проблеми можат да се решат на пријателски начин. Трговска војна меѓу Кина и САД не би била од корист за никого, истакна кинескиот премиер.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Се зголеми кинескиот извоз