Работна средба на претставници од Бизнис конфедерацијата со претприемачите од Тиквешијата се одржува денеска во Кавадарци. Претседателот Миле Бошков во изјава за медиумите, нагласи дека ваквите средби на кои се соопштуваат идеи и предлози, вродуваат со плод.
– Целта на средбата е да поразговараме со бизнис заедницата и претставниците на локалната самоуправа околу предлог политиките што ќе почнат во иднина да делуваат за подобрување на социо економската состојба, односно на бизнис климата во тиквешкиот регион, рече Бошков.
Тој додаде дека идеите и предлозите што се соопштуваат на ваквите средби, подоцна се реализираат со помош на општинските економско социјални совети.