А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Над 10 милиони денари за неколку проекти во општина Василево

by А1он21/02/2017 - 16:00196
Share0

Општина Василево ја почна изградбата на нова спортска сала во населеното место Нова маала. Градоначалникот Ванчо Стојанов информира дека за оваа намена ќе го преадаптираат објектот на стариот дом на култура.

Добивај вести на вибер

– Како што и најавивме почнуваме со реализација на проектите планирани за 2017 година. Од Буџетот на општината одвоивме 4 милиони денари за преадапртација на културниот дом во Нова маала, објект кој во иднина ќе им служи на учениците од ова место да ги одржуваат часовите по физичко воспитување, но и на рекреативците кои сакаат да спортуваат, рече Стојанов.

Тој истакна дека оваа инвестиција е дел од неколкуте проекти кои вкупно чинат 10,5 милиони денари.

– Локалната администрација распиша јавна набавка за избор на најповолен понудувач за изградба на две улици, во Висока Маала и во Анѓелци. Со самата набавка имаме распишано и тендер за изведувач за порамнување на школскиот двор во Висока Маала, по што ќе започнат активностите на Агенцијата за млади и спорт за изградба на кошаркарско игралиште, рече Стојанов.

Градоначлникот Стојанов најави и асфалтирање на улица во Нова маала во првата половина на 2017 година, а Василево дополнително издвои 10 милиони денари за патот Чанаклија-Нова маала, со изградба на крак улица во Чанаклија која со последната трета фаза ќе ги поврзе овие две населени места. Во втората половина на март ќе се гради и повеќенаменско игралиште во Добрашинци кое чини 3 милиони денари.

vasilevo

Би можело да ве интересира

Водата и во Општина Василево не е за пиење и употреба

Катерина Ѓуровски08/10/2024 - 08:0008/10/2024 - 09:38

Избувнал голем пожар во близина на индустриската зона во Василево, спасени се индустриски објекти

Горан Наумовски23/08/2024 - 21:02

Кандидатот за градоначалник на Василево од ВМРО-ДПМНЕ нападнал активисти на СДСМ тврдат солијалдемократите

Катерина Ѓуровски24/10/2021 - 18:5524/10/2021 - 19:30

Советот на Василево даде согласност за настава со физичко присуство на учениците

Ана Ололовска10/09/2020 - 10:49

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево

Ана Ололовска31/05/2019 - 10:03

Пендаровски во Босилово и Василево: Нема да дозволиме некој да се коцка со иднината, ќе победиме, масовно да излеземе на избори и да заокружиме број 3!

Татјана Ташкова13/04/2019 - 21:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен