Додека голем дел од лекарите и здравствените работници протестираа пред владата, дел од лекарите од клиниките во Скопјеизлегоа на контрапротест. Тие не го поддржуваат штрајкот, и ги повикаа да се вратат на работа.
Овие лекари го поддржуваат владиниот проект за плаќање по учинок и сметаат дека зад штрајкот има политичка заднина.
„Не би сакал да се извлече заклучок дека ова е контрапротест. Апсолутно не се работи за тоа, бидејќи мислам дека барем во однос на проектот сите сме единствени. Можеби се разликуваме околу начинот на реализација затоа што ние сметаме дека е неопходна здравствена политика и стратегија, но не и политика во здравството“ вели Борче Георгиовски од Клиниката за хематологија.