Преспа против владиката Петар и намерата да се сече шумата

Од:

Жителите на село Јанковец почнаа Иницијатива против одлуката на владика Петар да ја сече шумата околу манастирот Св. Петар.

„За сите зделки и бизниси на горенаведениот господин сите сме добро запознаени и знаеме како функционираат. Сите ние знаеме што претставува тој заштитен појас од густа дабова шума за нашето место. Заканата од масовна сеча ќе донесе поплави од невидени размери кои се закана за 70% од куќите во доменто на сливното подрачје. Исто така, таа шума претставува штит од силните ветришта кои се постајни, претежно во зимскиот период“, велат од Иницијативата.

Од таму појаснуваат дека сечата ќе нанесе голема штета и на микроклимата не само во село Јанковец, туку и на целата околина.

„Затоа ве повикуваме сите жители на Преспа во четврток масовно да учествувате на состанокот кој ќе се одржи со претставниците на МПЦ во салата до училиштето во село Јанковец. Само масовност може да го спречи ова зло кое неколку години виси над манастирот Св. Богородица во Јанковец“, соопштуваат од Иницијативата.

Би можело да ве интересира

Изгаснат e пожарот кај хотелскиот комплекс Манастир

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

A1on

Ограбен е манастирот „Св.Јован Крстител“ во скопското село Љубанци