УНИЦЕФ и Оланд побараа заштита на децата жртви на војни

Од:

Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) и претседателот на Франција, Франсоа Оланд ја повикаа меѓународната заедница да вложи повеќе напори за заштита на над 200 милиони деца во зоните каде се водат војни, кои останале сираци и се експлоатирани како малолетни војници или како сексуални робови.

Оланд ја отвори денеска во Париз меѓунаодната конфренција, во која учествуваат претставници на над 80 земји.

Тој истакна дека прашањето не трпи одлагање „пред лицето на кошмарот и на убиство на невиното детство“.

Целта на организаторите е да бидат координарани напорите за ослободување и реинтегрирање во општеството на илјадници деца војници од Судан и Сомалија и илјадници девојчиња, кои насилно се омажени во Нигерија и Авганистан.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток