Полицијата трага по разбојникот кој усмрти старица во Охрид

Од:

Полицијата покрена потрага по лицето што при обид за грабеж синоќа усмрти возрасна жена во Охрид.
Според информациите од СВР – Охрид, станува збор за извршител на кривично дело „разбојништво со последица смрт“, при што смртно била повредена 67-годишната „Спаса Б. од Охрид, која сама живеела во нејзиниот стан во зграда на улица „Галичица“ бр. 31 во Охрид.

Првичниот увид спроведен на местото на настанот покажува дека вчера во периодот меѓу 11:30 и 19:25 часот непознат сторител влегол во станот на жената, напаѓајќи ја со ладно оружје, најверојатно нож, притоа нанесувајќи и убодни рани во пределот на главата, вратот и телото, а потоа извршил пребарување низ собите. Потоа сторителот на делото незабележано го напуштил станот, притоа заклучувајќи ја влезната врата.

По наредба на Јавниот обвинител врз телото ќе биде извршена обдукција во Медицинскиот центар во Битола.

Инаку, жителите на улица „Галичица“ се вознемирени од настанот, притоа изјавувајќи дека ништо не забележале ниту слушнале, дека за случајот разбрале од медиумите.

Пред десеттина дена непознато лице се обиде да ја ограби и продавницата на ул „Галичица“ што се наоѓа во непосредна близина на синоќешното убиство.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство