Четири синдикати им даваат поддршка на вработените во Железници и МПМ

Од:

Синдикатите на УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО Синдикатот денеска соопштија дека даваат поддршка на вработените во дневните весници Утрински весник, Дневник и Вест и на вработените во Јавното претпријатие Македонски железници кои штрајкуваат.

– Неисплатените плати се резултат на лошото менаџирање на компаниите кои се заинтересирани само за нивниот профит, а платите и другите права од работен однос за нив се во втор план. Незадоволството кое е таложено со години, можно е да прерасне во општо работничко незадоволство на повеќе синдикати. Игнорантскиот однос на менаџментот во изданијата на Медија принт Македонија и Јавното претпријатие Македонски железници кои одбиваат да разговараат со штрајкувачите, уште повеќе го поттикнува револтот кај штрајкувачите кои не можат да го остварат заработеното, се вели во соопштението.

Четирите синдикати УПОЗ, СИЕР, СУТКОЗ и АГРО Синдикатот, како што се наведува во соопштението, подготвени се да пружат правна, финансиска или друга помош и да се вклучат во остварувањето на барањата за исплата на платите на Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија, Синдикатот на МЖ – Инфраструкутра и Независниот синдикат на машинскиот персонал.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

A1on

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

A1on

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

A1on

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски