Општина Центар: Едногодишна успешна работа на базенот во ООУ „Димитар Миладинов“

Од:

Една година во основното училиште „Димитар Миладинов“ успешно функционира комплетно реконструираниот базен.

Претходно, базенот беше запуштен и вон употреба.

Овој начин на рекреација и користењето на можноста за пливање во нивното училиште, учениците го сметаат како добар и корисен проект, каде тренираат и се учат на пливачки вештини.

Градоначалникот Андреј Жерновски, кој денеска беше во обиколка за да ги види резултатите од едногодишното работење, предложи и во редовните часови по физичко воспитување да се плива и вежба во базенот.

Наредната недела ќе се стават туш кабини, а наскоро ќе започне и реконструкција на тоалетите. Базенот беше ставен во фукнција на барање на родителите и на персоналот во училиштето, а просторот кој беше во лоша состојба и полн со влага, сега е современо место за рекреација на младите по највисоките стандарди за базени во затворен простор.

Длабочината е 1,70 м. Поставената пумпна станица, филтри и цевовод одлично фукнционираат, а неделните редовни контроли на Заводот за бактериолошка исправност досега не покажале слабости или неквалитет на водата во базенот.

Просторијата на базенот се грее во текот на целиот ден, за поголема безбедност на децата поставен е и видео надзор.
Од неодамна, направен е и нов простор со корективни гимнастички справи за вежбање на децата, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории