Во поштенска пратка пронајден хашиш

Од:

Царинските службеници на аеродромот „Александар Велики“ спречија обид за нелегално внесување на 100 грама килограм хашиш смола.

Како што информира Царинската управа во корегирано соопштение, (претходно информираше за 1 килограм), на 18-ти овој месец во царинската испостава Аеродром „Александар Велики“ Скопје – отсек за стоково царинење, пристигната е пратка испратена од Словенија, за примач – физичко лице од Скопје, во која стои опис на стока –Samples (1 парче) со вредност од 20 евра.

При физички преглед на пратката, од страна на царински службеник во присуство на претставник од курирската пошта – превозник на пратката, е пронајден хашиш смола-наркотична дрога, со тежина од 1 килограм.

Царинската управа против осомничениот ќе поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

Уапсен е скопјанец – пронајдени се марихуана, амфетамин и метадон во подрум во Аеродром

А1он

Претрес во Тетово: Пронајдена е дрога, едно лице е уапсено

Полицијата во Нови Сад пронајде шест килограми кокаин во автомобил, уапсен е возачот

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица