СДСМ Охрид: Итно да се исчисти депонијата среде најголемото основно училиште во Охрид

Од:

„Бараме Бакрачески и раководството на училиштето ОУ „Григор Прличев“ итно да ја исчистат депонијата која се создава среде најголемото основно училиште во градот, во центарот на Охрид.

Покрај депонијата од која се шири смрдеа и претставува опасност од зарази, секојдневно поминуваат деца кои ризикуваат да добијат некаква болест или инфекција.

Освен што не направи ништо за образованието во Охрид, локалната самоуправа го става во ризик и здравјето на учениците.

Токму поради оваа негрижа, граѓаните во масовна бројка избраа промени. Граѓаните сакаат нивните деца да учат во модерни училишта во нормални услови. Тоа ќе го направат новите власти кои ќе се грижат за реалните потреби на граѓаните и ќе ги решаваат нивните проблеми“, се вели во соопштението на СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ