(ВИДЕО) Протест на лекарите: Бдеевме над вас, засрамете се!

Од:

На протестот пред владата на кој беа присутни леакри од целата држава и нивни поддржувачи беше упатена пораката дека лекарите не се работници на лента во погон. Уште еднаш кажаа-плаќањето по учинок не е добар пред се за пацинетите, наместо да се посвети лекарот на секој случај посебно, власта ги тера да ги прегледуваат на една минута како на лента за да ја заработат платата.

„Како е можно најблагородната дејност да се вреднува врз основа на број на направени услуги, дали пацинетите се на производствена лента? Сите ние сме пацинети, и сите тие во власта што ја креираат здравствената политика, во интерес на сите е да се градат услуги врз основа на квалитет а не на квантитетет, рече Антонио Антовски од градската болница 8 ми септември.

Доктор Снежана Георгиева од Гинеколошката Клиника им се обрати на тие што сега молчат и од каде што нема поддршка, на тие што лажат и манипулираат и тие што се свртија против лекарите.

„Во секое време кога имате мака вие другарчиња кои бдеевме над вас, засрамете се што молчите, што не знаете да кажете благодарам. Затоа ве молам, повеќе не ми се јавувајте. Јас не сум ваше рамо за плачење, рече таа.

Доктор Асим Муса од Струга кажа дека не е само овој министер виновен и само оваа влада, туку обезвреднувањето почнало одамна, од сите изминати министри.

„Меѓутоа тоа што го направи сегашниот министер и тие околу него е што не притиснаа на ѕид и му дадоа име на тој ѕид. Но не е срам да работиш чесно. Тој ѕид министерот не треба да го промовира, тука да го урне заедно со нас.

„Ти сакаш да го уриваш нашиот однос со пацинетите, ама нема да успееш, зашто тој со години се создава, тешко е да се пробие тој. Ние дежураме, ни ѕвони телефонот и трепериме. Не можеш да го урнеш тој однос зашто само ние знаеме и се потиме кога одлучуваме за нечиј живот“, рече Муса.

Ние чекавме 20 години, 20 дена не ни се ништо за нас, рече тој.

Доктор Ване Горгов од Штип порача дека залудно министерот Тодоров испраќа писма до лекарите за да се потпишат кој е за штрајкот, а кој не.

„Оваа ситуација ќе им се врати како бумеранг, бидејќи нашите колеги сфатија дека се предмет на манипулација и не потпишуваат ништо за да се стават на една ило друга страна. Ќе издржиме ние до крај“, рече Горгов.

Доктор Андријана Гроздев на сите им посака добро здравје во Новата Година и побара од власта да им овозможат услови да работат.

Од клиниката во Бардовци пораката до премиерот и министерот да не чекаат многу за да се постигне договор, зашто може да биде доцна.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство