Како настана омилената детска играчка мечето Теди?

Од:

Кадифеното мече Теди е омилена играчка на голем број деца и е составен дел од детството. Следува како еден имигрант пред повеќе од сто години дојде на идеја да ја направи оваа играчка.

Кадифеното мече (Teddy bear) е создено во чест на поранешниот американски претседател Теодор Рузвелт. Се почна кога во американската држава Мисисипи, во далечната 1902 година бил организиран лов на мечки. На ова случување присуствуваше и Рузвелт, кој од сите присутни ловци единствено остана без плен. Неговите асистенти тогаш заробиле младенче од црна американска мечка и предложиле тој да го убие, но тој тоа го одбил.

Тоа беше вест која ја пренесоа сите американски медиуми. Карикатуристот Клифорд Беримен овој претседателски потег го овековечи во карикатура кој ја видел Морис Мичтом, сопственик на слаткарница во Бруклин. Мичтом, руски имигрант со еврејско потекло, кој со сопругата Роуз правеле кадифени играчки одлучил да направи кадифено мече и го посветил на претседателот, кој не сакал да го убие мечето. Така кадифеното мече го доби името по Теодор Рузвелт – Taddy bear.

Откако Рузвелт дал дозвола за играчката да се користи неговото име, Мичтом почнал масовно да произведува кадифени мечиња. Денес мечето Теди е најпопуларно мече во целиот свет. Интересен е податокот дека секоја година во хотелите во целиот свет остануваат околу 75.000 кадифени мечиња кои најмладите гости ги забораваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска