Најмалку 18 луѓе загинаа и 25 се ранети во експлозија што се случи денеска на пазар во западниот дел од Могадишу.
Според полицијата, експлозијата ја предизвикал бомбаш-самоубиец. Бројот на жртви може да биде многу поголем бидејќи голем дел од повредените се во животна опасност. Засега ниту една група не презеде одговорност за нападот.