Поштарка украла 500.000 денари па пријавила вооружен грабеж

Од:

Вработена во Македонски пошти, во експозитурата лоцирана на ул.„Коце Металец“,( Скопје) си зела 500.000 денари од касата и потоа пријавила кражба.

Таа била должна сите уплати напаравени тековно, секој ден, да ги внесува во персоналниот компјутер.Во засега неутврден временски период, пријавената со несовесно работење и лажно преставување на фактичката состојба во експозитурата, успеала да се стекне сума од околу 500.000 денари.

Осомничената В.Г. (49) свесна дека не може да ги врати „позајмените“ средства, вчера, околу 9:30 часот, во Полициската станица „Гази Баба“, лажно пријавила дека непознато маскирано лице со пиштол ја нападнало и ја ограбило експозитурата, при што одзело 500.000 денари, додека таа тие пари наводно ги спремала да ги предаде на Службата за обезбедување на Македонски пошти.

Полициски службеници од СВР Скопје, заедно со одговорни лица од Македонски пошти извршиле увид на местото на настанот веднаш по пријавата. Од извршениот увид, пописот на документите и персоналниот компјутер во експозитурата, пописот на паричните средства, како и од анкетирањето на граѓани е дојдено до сознание дека В.Г. лажно пријавила кривично дело „разбојништво“.

Извршен е и претрес на домот на пријавената, при што се пронајдени 30.000 денари, дел од парите кои истата успеала противправно да ги присвои.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец