Ѓорѓиевски: Дали Заев знаеше за црниот бизнис со кокаин?

Од:

Орце Ѓорѓиевски на прес конференција одржана во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ го запраша лидерот на СДСМ дали има некаква поврзаност со уапсените за трговија со наркотици.

„СДСМ е дувло и синоним за криминалот.



Аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на партијата го претворија СДСМ во промотор и заштитник на се што е не законско и криминално. 



Криминалците блиски до Заев завршија во притвор заради тоа што го труеја Скопје со кокаин долго време.

Дали аболицираниот криминалец Зоран Заев знаеше за црниот бизнис со дрога на неговиот пријател?

Дали аболицираниот Заев му помагал на својот пријател во трговијата со наркотици и дали од сето тоа земал пари за себе или за партијата?

Вистинското прашање е зошто толку време овие криминалци беа сигурни во себе дека нема да одговараат?

Дали заради тоа што СДСМ скоро цела година го водеше МВР? Дали заради Оливер Спасовски или Примислав Димовски?

Се познавал ли притворениот Сеад Рахиќ со нив и дали му помагале?

Очекуваме истрагата да даде одговор на уште многу други прашања. Сите кои работеле спротивно на законот мора да одговараат.



Местото на криминалците не им е во политиката, туку во казнено-поправниот дом Идризово.



Граѓаните на Република Македонија на 11-ти декември јасно и гласно кажаа дека не сакаат да бидат водени од криминалци кои пред очите на целата јавност бараат мито по методот „Евро за Вицето“.

Затоа речиси половина милион Македонци го осудија на пораз СДСМ и неговите криминални и деструктивни сценарија. 



Зоран Заев и неговите криминални соработници ќе одговараат пред законите и пред граѓаните за злосторничкото здружение кое го формираа и кое има за цел да ја раскрчми Македонијa“ изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст