ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се чувствува добро само во состојба на криза

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на на соопштението на СДСМ на тема финансии.

„СДСМ има алергиска реакција на секоја позитивна изјава за Македонија. Во спротивно, ќе прочиташе дека агенцијата Фич има само пофални зборови и за фискалната и за монетарната политика на Македонија.

Она што Фич го гледа како закана за економијата и поради што не го покачи рејтингот е политичката криза во која СДСМ ја втурна Македонија, иако според економските перформанси нашата земја заслужува повисок рејтинг.

Тоа е се што аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружување од СДСМ знаат да го прават. Да креираат кризи и да се трудат земјата да се наоѓа во хаос и агонија, бидејќи СДСМ се чувствува најдобро само во состојба на криза.

СДСМ нема идеи и проекти за економски развој, туку само за деструкција. СДСМ докажа дека не само што не знае да креира нови работни места, туку знае единствено да брка 200.000 луѓе од работа и да затвора 684 фабрики. Сивата економија цветаше во време на СДСМ. Проневерените милијарди за кои ја задолжи земјата СДСМ ги додаде на контото на нивните транзициски олигарси.
Денес СДСМ се труди со сите расположливи сили да ја продолжи кризата во Македонија и состојбата на хаос која ја предизвика, бидејќи СДСМ не сака Македонија да оди напред, туку да остане онаму каде што СДСМ ја остави – во економски пустош и безперспективност.

Граѓаните знаат дека агенцијата Фич нема пофални зборови за економскиот модел „Евро за Вицето“ на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ, ниту пак дека Македонија ќе оди напред со помош на шемите за издавање станови сами на себе на Шекеринска и Шилегов.

Затоа СДСМ беше казнет од граѓаните на 11-ти декември кои мнозински одлучија 10-ти пат по ред да ја даде масовно својата поддршка за ВМРО-ДПМНЕ“ пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси