Ѓорѓиевски: СДСМ е дувло и синоним за криминалот

Од:

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во врвот на партијата го претворија СДСМ во промотор и заштитник на криминалот. СДСМ е дувло и синоним за криминалот.


Вчера полицијата приведе уште еден соработник на Зоран Заев поради трговија со кокаин.

Човекот кој со Заев се сликаше по кафеани си формирал група со која што го затрупувале Скопје со дрога. Од таа дрога децата во Скопје се труеле, а луѓето на Заев се богателе.


Претходно Заев и неговиот технички министер се шетаа и се сликаа со лице од Ѓорче Петров кое се бара со потерница. Тој е осомничен за убиство во обид.


Аболицираниот криминалец Зоран Заев во неговиот кабинет се среќаваше со блискиот пријател и соработник Захир Бекири Чауш.

Целата јавност виде кој управувал со Фабриката за афери на СДСМ и кој ги продуцирал лагите за двојни лични карти. Сега Чауш е во Идризово на издржување казна затвор.


Криминалци како Харун Хаџибулиќ беа во најблиското опкружување на Зоран Заев на митинзите на СДСМ. Сега и тој е во бегство и се крие од органите на прогон.
На криминалците местото им е зад решетки. На криминалци не им е местото во политика.

Народот на 11 декември му порача на аболицираниот криминалец Зоран Заев дека е против криминал и корупција и дека треба да почне да размислува за казнено-поправниот дом Идризово“ изјави Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми