Искачување на Илиница и крводарителска акција по повод Светскиот ден на извидништвото

Од:

По повод Светскиот ден на извидништвото, 22 февруари, Извидничкиот одред „Мирко Милески” и Планинарско еколошкото друштво „Ендорфин” од Кичево денеска организираа искачување на врвот Мала Корија (репетитор – 951 м.н.в.) на планината Илиница.

Собирањето и поаѓањето беше од седиштето на ИО „Мирко Милески” во 09:00 часот, а искачувањето траеше еден час.

Дел од одбележувањето на Светскиот ден на извидниците, 22ри февруари, се организира акција за донирање крв во соработка со Црвениот Крст-Kичево. И ова е еден настаните кои се дел од акцијата „Направи добро дело”.

– „Направи добро дело” предвидува низа активности со кои сакаме да прикажеме дел од работата на извидниците и нашата заложба за остварување на мисијата – да креираме подобар свет, а поддржана е од Civica Mobilitas, истакнуваат од извидничкиот одред и ги покануваат сите извидници, пријатели и граѓани, ако сакаат да даруваат крв да дојдат во просториите на Црвен крст-Кичево на 22 февруари од 10 до 15 часот.

Овој настан е наменет за лицата кои имаат 18 години или повеќе. Доколку некој кој има 17 години, а сака да дарува крв, може да го направи тоа само со писмена согласност од родител.

Би можело да ве интересира

Кривична за градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари

Син го уби таткото со секира

А1он

Насилник со нож нападнал ученици, полицајци и обезбедување во болница

14-годишен малолетник од Кичево осомничен за силување на четиригодишно девојче

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот