Македонските скијачи денеска се појавија на стартот на натпреварите на Светското првенство во алпско скијање што се одржува во Сент Морц, но останаа без пласман.
Лидија Симјановска на слаломската трка остана без пласман откако не го заврши натпреварувањето во првата трка со уште други 18 натпреварувачки.
На машкиот квалификациски слалом се појавија четири претставници од Македонија и ниту еден не оствари пласман по првата трка. Антонио Ристевски, Лука Божиновски, Дардан Дехари и Воислав Синадиновски беа во групата од 49 скијачи, кои остнаа без пласман.
Во тек се вторите трки во двете конкуренции, а до крајот на шампионатот утре ќе се вози машкиот слалом.