(ВИДЕО) Бочварски: Подготвивме закон за заштита и зголемување на зелените површини

Од:

Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ денеска оддржа прес конференција а местото на некогашниот парк спроти хотел Бристол, на која што тој се осврна на сечењето на дрвјата и зеленилото и најави закон за заштита и зголемување на процентот на зеленило во градовите.

„Тука сме на овој простор што беше парк, но стана бетон, за да порачаме дека ова никогаш повеќе нема да се случува со зелените површини ниту во Скопје, ниту во другите делови на Македонија. Нема да има повеќе згради во паркови и зелени површини!

Веќе имаме подготвено закон за заштита на зеленилото и за зголемување на процентот на зеленилото во градовите. Веднаш по формирањето на новото парламентарно мнозинство ќе го пуштиме во собраниска процедура на усвојување.

Површините планирани во Генерален урбанистички план и во Детален урбанистички план, со намена зеленило, спорт и рекреација нема да може да се пренаменуваат во што било друго!

Во градежните парцели наменети за станбени куќи и станбени згради процентот на зеленило ќе го зголемиме од 30 проценти, на минимум 40 проценти. На сметка на тоа ќе биде намален процентот кој е предвиден за градење во парцела, од 70 проценти на максимум 60 проценти.

Ова се дел од одредбите од законот со којшто ќе ги заштитиме зеленилата како клучен фактор за заштита на здравјето на граѓаните.

Во Македонија досега се правеа урбанистички планови за бизнис интереси на криминалната власт на ВМРО ДПМНЕ, без да се води грижа за хуманото живеење. Исекоа многу паркови. Уништија многу зелени површини за непотребни градби, што немаат никаков приднес за развој на градовите. На тој начин е нарушена циркулацијата на воздухот. Тоа е и една од причините зошто Скопје е во првите три најзагадени градови градови во Европа, а на врвот по зададување на воздухот се и Тетово и Битола.

Во периодот што доаѓа сите граѓани ќе ги почувствуваат промените што ги избраа и што веќе се случуваат во нашата држава“ изјави Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата