Железничкиот сообраќај во Македонија во прекин

Од:

Железничкиот сообраќај во Македонија од вчера е во прекин затоа што вработените во Македонски железници – Транспорт бараат исплата на платата за јануари 2017 година.

Претседателот на Независниот синдикат на машиновозачи и железничари Латко Јовановски претпладнево изјави дека на македонските пруги е целосно во прекин движењето на патничките и на товарните возови.

Македонски Железници Транспорт АД Скопје вчера информираше дека на вработените ќе им го исплати веднаш вториот дел од платата за декември 2016, а до крајот на месецот ќе ја исплати платата за јануари 2017 година.

– Вториот дел за декември е исплатен, бараме исплата на јануарската плата, изјави денеска Јовановски, додавајќи дека за штрајкот имаат поддршка од останатите синдикати на железницата.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

A1on

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

A1on

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

A1on

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски