СДСМ: Маалски полицаец – наш пријател заштитник во населба

Од:

„Граѓаните ќе се чувствуваат безбедни во населбите во кои живеат. Ќе имаат свој пријател заштитник. Тоа ќе биде маалскиот полицаец. Никој да не се чувствува сам кога му е најпотребна помош.

Присуството на полицаецот позорникар во населените места е да се спречат насилства, кражби по домовите, нарушувања на јавниот ред и мир, како и други општествени девијантни појави.

Младите и тинејџерите нема како до сега во страв да се враќаат дома од тоа што може да им се случи во доцните часови. Граганите поспокојно ќе спијат, затоа што имаат кому да се обратат во секое време.

Полицијата ќе ги штити граѓаните и ќе биде нивен прв заштитник.

Наш приоритет е безбедноста на граѓаните.

Потребна е нова, одговорна Влада којашто ќе спроведува реални политики во интерес на сите граѓани.

Од оваа година го создаваме животот што заедно го избравме!“ велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски