Железничкиот сообраќај од попладнево во прекин поради протест на вработените

Од:

Железничкиот сообраќај во земјава е во прекин од 16 часот попладнево поради протест на вработените во Македонски железници – Транспорт.

Независниот синдикат на МЖ, СЖМ-Инфраструктура и АНС – Железничари информираат дека протестот е поради тоа што денеска повторно е прекршен договорот за исплата на плата.

– Прекинот на железничкиот сообраќај е предизвикан поради револт на вработените во ЈП МЖ Инфраструктура-Скопје од постапката на менаџерскиот тим на МЖ Транспорт АД Скопје со исплатата на една половина плата за месец декември 2016 година само за вработените во МЖ Транспорт АД Скопје и покрај договорот платата да се исплаќа истовремено во двете железнички претпријатија, наведуваат синдикатите на ова претпријатија во соопштение.

Во него додаваат дека во јанаури 2017 година менаџерскиот тим на МЖ Транспорт АД Скопје го прекршил договорот за плата да се исплаќа истовремено во двете железнички претпријатија, а исплатена е само на неговите вработени и покрај доспеаниот долг на МЖ Транспорт АД Скопје кон ЈП МЖ Инфраструктура-Скопје во висина од 140.000.000 денари односно четири плати.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Мицкоски: Лудо е како Влада да прифатиме изградба на тунел без излез, а притоа истиот да чини 800 милиони евра

Францускиот премиер: Нападите на железницата имаа една цел – да ги блокираат возовите за Париз пред Олимписките игри

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје

Редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули