Данок на имот од граѓаните во општина Чешиново Облешево е реализиран со 118 отсто, данокот на имот од правни лица со 685 и комуналната такса за фирмарина е реализирана со 45 проценти. информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на оваа општина Костадин Личков.
Тој додаде дека комунална такса за користење улици со патнички товарни возила е наплатена во вкупен износ од 550 илјади денари. Данокот на промет на недвижности е наплатен во вкупен износ од 1.427.357,00 денари по изготвени 322 решенија.
Данокот на наследство и подарок е пресметан и наплатен во вкупен износ од 264.143,00 денари по утврдени 166 решенија од кои во дел од решенијата обврзниците се ослободени од плаќање данок на наследство и подарок.
Административни такси во 2016 година, како што информираше, се наплатени во вкупен износ од 340.078 денари. Камата на ненавремено платена комунална такса е наплатена на износ од 6.041 денари.
Според него, изготвени се три облога и даночни решенија по нив, Облог за Комунална такса за фирма и годишни решенија за 182 обврзника во вкупен износ од 884.000 денари, Облог за Данoк на имот на правни лица за и годишни решенија за 40 обврзници во вкупен износ од 153.422 денари и Облог за Данок на имот на физички лица и годишни решенија за 2.128 даночни обврзници во вкупен износ од 804.579 денари. Заедно со решенијата за 2016 година се изготвени и воедно се доставени и опомени за неплатените долгови на даночните обврзници и тоа по основ на комунална такса за фирма 128 и 1.774 опомени по основ на данок на имот
Личков наведе дека во тек е ажурирање на податоците од Централниот регистар и од даночните пријави за нови и за ликвидирани фирми, а за ново изградените и доградени објекти кои се пријавуваат или откриваат се изготвуваат записници и се прават проценки на пазарната вредност која што ќе претставува даночни основици за утврдување на Данок на имот. Изготвен е и Повик до граѓаните и до фирмите за да ги измират своите долгови спрема Општина Чешиново-Облешево.