Американското Федерално биро за истражување (ФБИ) не предвидува да се покрене обвинување против доскорешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, во врска со неговите телефонски разговори со рускиот амбасадор, пред влегувањето на Доналд Трамп во Белата куќа- јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на изјава на висок функционер на Бирото.
Флин беше сменет од претседателот на САД , на почерокт од оваа недела, откако призна дека ја „сокрил„ од потпретседателот Мајк Пенс информацијата за разговорите што во текот на декември ги имал со амбасадорот на Русија, Сергеј Кисљак.
Функционери во Белата куќа, претходно, потврдија дека Флин ,сепак, разговарал телефонски со Кисљак и за санкциите на САД кон Русија, откривајќи на тој начин дека советникот на претседателот го излажал потпретседателот.
Пенс во јавноста на САД излезе „насамарен„ затоа што пред Нова година, тој на неколкупати тврдеше дека Флин со Русите не зборувал за санкциите, уверувајќи дека за тоа со Флин имал „искрен разговор„.
Според американскиот закон, приватни лица ( а во декември Флин немаше никаква службена функција) не смеат да разговараат (со странски функционери) за работи поврзани со државната политика на САД.
Податоците кои сега се достапни во јавноста сугерираат дека Флин го прекршил законот, особено што кога бил испрашуван од ФБИ тој ги излажал и истражнте органи.
Си-Ен-Ен вели дека кога истражителите повторно рашале дали е сигурен во одговорот оти не зборувал со амбасадорот за санкциите, Флин рекол дека „повеќе не се сеќава за што се разговарал„.
Оценката на ФБИ е дека Мајкл Флин бил „кооперативен„ во текот на испрашувањето и дека давал точни одговори, па заклучокот е дека доскорешниот советник, не ги измамил истражнте органи.
Истрагата околу случувањата со Флин кој беше на својата функција само три недели, не е затворена и дека ФБИ продолжува да испитува што се има околу комуникацијата на советникот на новиот претседател со Русите.