Парична помош за 286 новороденчиња во Ѓорче Петров

Од:

Решенија за еднократна парична помош во висина од 5.000 денари им се доделени на сите родители кои имаат новороденче и се жители на општината Ѓорче Петров.

– За една година доделивме 286 ваучери, што говори дека нашата цел се исполнува. Тоа е да ги стимулираме семејствата сериозно да размислуваат и да се одлучат за зголемување на бројот на дечиња, но истовремено и да им помогнеме на овие семејства со скромни средства кои сигурно им се и повеќе од потребни, информираат од општина Ѓорче Петров.

Право на паричен надоместок, без исклучок, имаат сите оние кои според податоците во личните документи се жители на Ѓорче Петров.

Потребни документи заедно со Барањето за еднократна парична помош се лична карта или друг документ за лична идентификација, извод од матична книга на родените на новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка.

Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето. Од буџетот на општината за оваа намена потрошени се 1.430.000 денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојковска: Стојкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради, нула за градинка, училиште и гаража

Левица: Ѓорче се распаѓа под тежината на урбаната мафија и институционалниот молк

Две жени се истепале пред продавница во Ѓорче Петров

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје