Општина Центар го продолжува комплетирањето на проектот „Боемска улица 2“.

Од:

Општина Центар започна со поставување на столпчиња во вид на топки од природен гранит на „Боемска 2“.

Ова ќе го спречи дивото паркирање и ќе им овозможи на граѓаните безбедно да се движат по тротоарите и да уживаат во околните угостителски објекти.

Се поставуваат и сообраќајни знаци за регулирање на сообраќајот, бидејќи на оваа улица е забрането паркирање.

Поставувањето на гранитните топки и сообраќајните знаци ќе заврши во средината на наредната недела, а надлежно лице од ПОЦ ќе ја контролира состојбата, соопштуваат од Општина Центар.

Од понеделник, 20.02.2017, општина Центар продолжува со работата на вториот дел на „Бомеска 2“ до крстосницата на улицата „Костурски херои“. Ќе биде уреден и просторот за паркирање.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории